Полицаец штител дрвокрадци, им јавувал кога ќе има контроли

t

Полицаец од Тетово доби кривична пријава за злоупотреба на службената должност и овластување, откако им праќал пораки на дрвокрадци кои превезувале бесправно исечени дрва, предупредувајќи ги дека ќе има контроли на пат, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.П.(51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на јули 2023 година, пријавениот, во својство на полициски службеник во СВР Тетово, на три лица кои вршеле транспорт на огревни дрва во товарни моторни возила им праќал пораки на мобилните телефони со содржина дека ќе има контроли од негови колеги на автопатот од Кичево кон Скопје и на тој начин го извршил делото“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лишени од слобода дрвокрадци во скопско, дрвата…

На 01.06.2025 околу 18.10 часот од страна…

Полицаец штител дрвокрадци, им јавувал кога ќе…

Полицаец од Тетово доби кривична пријава за…

(ВИДЕО) Лов на дрвокрадци во живо на…

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов,…

Дрвокрадци нападнале шумски полицајци со моторна пила

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…

Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична…

СВР Охрид до ОЈО Кичево поднесе кривична…