Објавено на:

Двајца мажи во Белград влечат млад човек по улица, еден од нив го удира со палка по грб

t

На социјалните мрежи се појави видео од протестите во Србија, на кое се гледа како двајца мажи влечат млад човек, по што еден од нив со палка го удира по грбот, иако тој лежи на земја и не пружа никаков отпор.

Според порталот Нова.рс, снимката е направена во петокот, на раскрсницата меѓу улиците Ресавска и Немањина во Белград. На крајот од видеото, видно повредениот маж е врзан со пластични лисици додека сè уште лежи на асфалтот. Во описот на објавата на Инстаграм стои дека младиот човек бил без свест.

Удирањето се случува пред поголем број полицајци во опрема за растерување демонстрации. Нова.рс пренесува дека станува збор за припадници на Единицата за обезбедување личности и објекти (ЈЗО), која ја предводи командантот Марко Кричак. Тој веќе беше снимен како трча со телескопска палка по граѓани, а повеќе очевидци го обвинија за малтретирање и физичко насилство.

Контроверзии предизвикува и снимката на неговата заменичка Тања Дробњак, која во јули беше забележана како пред Правниот факултет во Белград влече студентка за коса, обидувајќи се со нејзиното лице да отклучи телефон – практика што е незаконска.

Единицата за обезбедување личности и објекти последните месеци постојано е присутна на протестите, а студентските организации и граѓанските здруженија тврдат дека нивното постапување е надвор од законските рамки и дека вклучува брутална сила врз демонстранти.

https://www.instagram.com/reel/DNbET7ygCuM/?utm_source=ig_web_copy_link

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Ова е историска одлука

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се осврна на…

ЈСП-Скопје: Жичницата на Водно е безбедна, во…

Безбедноста на жичницата на Водно е по…

Двајца мажи во Белград влечат млад човек…

На социјалните мрежи се појави видео од…

(Видео) Гаши повторно на свадба со колона…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, повторно оди…

Трамп сака утре прво да има средба…

Претседателот на САД Доналд Трамп, утре во…