Полицајци и инспектори влегоа во отпади: Изречени низа казни, еве какви неправилности утврдија
Министерството за внатрешни работи заедно со Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за јавни приходи и Царинската управа извршија заеднички координирани контроли во повеќе отпади на подрачјето на ОВР Кичево.
Притоа, во отпад за половни возила во Кичево, сопственост на Д.А. од Кичево, од страна на Државен пазарен инспекторат е констатирана неправилност за обавување нерегистрирана дејност, издаден е платен налог и изречена е забрана за обавување дејност од 30 дена.
Од Царинска управа е издадена наредба за непостапување за неколку возила со странско потекло за кои ќе следи и понатамошна постапка, а од Државниот инспекторат за животна средина е констатирана неправилност во врска со обавување дејност без дозвола за работа за што ќе следи соодветен поднесок и понатамошна постапка за третирање на отпадот.
Во отпад, сопственост С.М. од с.Грешница, на магистрален пат кај с.Зајас, од страна на Државен пазарен инспекторат констатирана е неправилност за обавување нерегистрирана дејност во соодветен регистар и за небаждарена вага, за што е издаден платен налог, додека при контрола на деловен субјект, сопственост на Х.П. од Кичево во индустриска зона Кичево, од страна на Државниот пазарен инспекторат се констатирани неправилности во врска со неистакната фирма и небаждарена вага, за кои ќе биде изречена глоба, додека од Државниот инспекторат за животна средина е констатирано дека субјектот нема дозвола за обавување на дејност и друга законски неопходна документација, поради што ќе биде изречена глоба. Од страната на Управата за јавни приходи е утврдено дека деловниот субјект нема фискален апарат, поради што ќе биде изречена казна и забрана за работа од 30 дена.
Ваквите заеднички контроли на полицијата и инспекторатите ќе продолжат и во наредниот период на сите подрачја во државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвореник од Идризово крадел во Куманово за…
На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од…
Левица: Власта упорно избегнува дециден одговор –…
Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, повторно го…
Телефонски разговор меѓу директорите на ЦИА и…
Директорот на руската служба за надворешно разузнавање,…
ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат…
„Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата,…
Нов скандал во МВР, милионски тендер за…
Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ -…