Полицајци привеле осуденик, па немало место во затворот во Битола и го пуштиле на слобода
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава, затоа што наместо да спроведат осуденик во затвор каде требало да одлежи една година, го пуштиле на слобода, извести МВР.
На почетокот на јуни, Т.Л., И.Д и Р.Т. полициски службеници во СВР Битола, не постапиле по писмена наредба од судот во Кичево, да спроведат затвореник со правосилна пресуда за да издржува казна затвор од една година.
Имено, откако претходно бил пронајден и лишен од слобода, осудениот А.А. од Кичево, од страна на прво и второ пријавениот бил спроведен до КПУ Затвор Битола, а откако од страна на вработен во затворот осудениот наводно не бил примен поради немање на слободни места во затворската установа, прво и второ пријавениот, без да изготват било каква службена документација, го пуштиле осуденото лице на слобода без одобрение на судот, кој ја издал писмената наредба.
Наведеното го извршиле со претходно одобрение на третопријавениот во својство на одговорен, кој не издал наредба осуденото лице да биде доведено и задржано во полициска станица Битола заради понатамошна постапка спротивно на член 15 од Правилникот за вршење на полициските работи во МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полициските службеници Т.Л., И.Д., и Р.Т. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицајци привеле осуденик, па немало место во…
Тројца полицајци од Битола заработија кривична пријава,…
ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…
Страшен настан го потресе Скопје, но не…
Насилен ученик малтретира ученици во основно училиште…
Насилен ученик со години малтретира соученици во…
Херој на денот Пеце Јанкуловски: Работник од…
Од херои кои не ги знаеме денеска…
Левица: Тони Коњановски учесник во најголемиот урбанистички…
На 43-тата Седница на Советот на Општина…