Полицијата во Германија со хеликоптер трага по убиец што застрелал двајца мажи
Германската полиција денеска трага по убиецот или по убијците на двајца мажи во градот Бад Наухајм. Двојното убиство се случило вчера кога биле убиени двајца мажи во зграда 35 километри северно од Франкфурт.
Според полицијата 59-годишниот маж и неговиот 28-годишен зет биле убиени со истрели од огнено оружје. Жртвите се од турска националност според „Дојче Веле“. Тие претходно не ѝ биле познати на полицијата.
Не може да се исклучи дека се работи за повеќе од 1 напаѓач.
Хеликоптер е вклучен во потрагата по убиецот или по убијците.
Според полицијата личен мотив имал клучна улога во убиствата и јавноста не е во опасност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…