Објавено на:

Полицијата го малтретирала синот на Вучиќ: Го претресувале специјалци затоа што носел маичка “Нема предавање”

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска на отворањето на обиколницата околу Белград изјави дека трипати бил претресен автомобилот во кој неговиот син одел кон Грачаница.


-„Три пати застануваа, претресуваа и малтретираа. Само нека продолжат. Му честитам на Курти за неговата храброст. Не е толку храбар во мое друштво, кога ќе прати некои други да малтретираат туѓи деца, тогаш е ок, само нека продолжи. Данило не е мал, малку е похрабар од Курти. Прошета низ сред Приштина облечен во маица „Нема предавање“ и отиде на литургија во Грачаница да се помоли“, изјави Вучиќ.


Вучиќ на денешното обраќање на прославата на СНС се осврна на тоа дека албанските медиуми ги нападнале него и неговиот син Данило.


„Еве, да им ја олеснам работата додека се уште таму долу, додека можат да се однесуваат херојски како што се однесуваат со сите Срби, да им кажам дека така мисли секој од нас Вучиќ, дека така мисли мнозинството од Србија и тоа предавање не е опција за нас“, изјави денеска Вучиќ.


Косовската полиција денеска го запрела автомобилот во кој се наоѓал синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ, во селото Трудна кај Приштина и побарала од него да ја соблече маицата со натпис „Предавањето не е опција“, пренесува Коха. Според Коха, Данило Вучиќ бил запрен од косовската полиција поради натписот на неговата маица.
Данило Вучиќ денеска престојуваше во Грачаница каде присуствуваше на литургијата и на панихидата во манастирот и разговараше со Србите облечени во кошула без никакви ознаки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Гренел: Вучиќ убедливо победи на изборите во…

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…

(Видео) СНС на Вучиќ прогласи победа на…

Српската народна странка пргласи пробеда на парламентарните…

Вучиќ по затворање на гласачките места: Резултатите…

Претседателот Александар Вучиќ вечерва кратко зборуваше пред…

Вучиќ на завршниот предизборен собир на СНС…

Во Србија на полноќ започнува предизборен молк,…