Полицијата го нашла возачот кој прегази 13-годишно девојче на тротинет и го напушти местото – ова е неговиот идентитет

t

Од МВР информираа дека е обезбеден возачот и возилото со кое завчера во Скопје удри во електричен тротинет, при што беа повредени две малолетнички.

Вчера (22.08.2025) во СВР Скопје бил извршен службен разговор со Ф.Б. од с. Света Петка, скопско. На 21.08.2025 во 14:30 часот на ул.„Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал тој и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што со возилото го напуштил местото на настанот, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата го нашла возачот кој прегази 13-годишно…

Од МВР информираа дека е обезбеден возачот…

По Вашингтон, Трамп најави распоредување на федералните…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Чикаго…

Разрешен шефот на Агенцијата за воено разузнавање…

Шефот на Агенцијата за воено разузнавање на…

Ѓоковиќ загрижен: „Се надевам дека состојбата во…

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк…

Седум кандидати на СДСМ ќе одржат прес-конференци:…

„Под слоганот „4 години разочарувања – 4…