Полицијата уапси двајца Срби кои краделе велосипеди во Аеродром
Министерството за внатрешни работи информира дека двајца Срби се уапсени под сомнение дека сториле 7 кривични дела, од кои 6 тешки кражби, како и кражба на велосипеди низ општина Аеродром.
„Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Г.(21) и А.К.(42), двајцата од Р.Србија. Тие се сомничат дека во изминатиот период извршиле 6 кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“ на велосипеди на подрачјето на општина Аеродром. Двете лица се лишени од слобода, а украдените велосипеди се пронајдени кај пријавените и вратени на сопствениците“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел нема да прекине додека не го…
Израелската операција против Иран „нема да заврши…
Израел со 60 авиони го нападна Иран
Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни…
Израелски тенк пукал во толпа и убил…
Израелски тенкови денеска отвориле оган врз толпата…
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…