Полицијата уапси девет девојки од Колумбија кои биле во кафеана во гостиварското село Добридол

t

Полицијата уапси девет државјанки на Колумбија под сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој во гостиварско и против нив се поднесени соодветни пријави.

Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер при преземање на мерки и активности во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица.

– Меѓу нив имало девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија се приведени, против нив се поднесени пријави, велат од СВР Тетово.

Според информацијата, од страна на Основен суд Гостивар им е одредена мерка забрана за влез во државава во времетраење од една година и парична казна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата уапси девет девојки од Колумбија кои…

Полицијата уапси девет државјанки на Колумбија под…

Божиќен бонус од 400 лева за сите…

Министерот за внатрешни работи на Бугарија Даниел…

„The British Army Review“: Борис Џонсон спречи…

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон одигра клучна…

Холандската амбасадорка повика да не им го…

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на дебатата…

Масовно труење во „Димо Хаџи Димов“, најмалку…

Најмалку четириесет деца од одделенска настава во…