Објавено на:

Полската влада на референдум ќе ги праша граѓаните дали сакаат да прифатат илегални мигранти

t

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска најави дека Владата на референдум ќе ги праша граѓаните дали сакаат да примат „илјадници илегални имигранти од Блискиот Исток и Африка“ како дел од планот за релокација на Европската унија (ЕУ).

Моравјецки референдумот го најави преку видео објавено на социјалните мрежи.

Неговата партија Право и правда се обидува да ја задржи власта на парламентарните избори во октомври и сака да го искористи прашањето за имиграцијата во својата изборна кампања, истата тактика што и помогна да дојде на власт во 2015 година.

Полска во моментов е прибежиште за повеќе од милион украински бегалци.

Во јуни, министрите за внатрешни работи на ЕУ го поддржаа планот за споделување на одговорноста за мигрантите кои влегуваат во Европа без дозвола, што е основата на една од најдолготрајните политички кризи во Европа.

Мигрантската криза во Европа започна пред осум години откако повеќе од еден милион луѓе кои бегаа од војната во Сирија влегоа во ЕУ и ги оптоварија прифатните капацитети во Грција и Италија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија отвора камп за мигранти од Италија

Во Албанија наскоро ќе биде отворен камп…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…