Полска воведува задолжителна обука за огнено оружје за учениците

t

Поради близината на фронтот во Украина, но и зголемениот страв од заканите на Москва, полската влада воведе задолжителна обука за огнено оружје за децата во основните и средните училишта, јавува Еуроњуз.

Деца на возраст од 14 години сега учествуваат во обуката за оружје, која е дизајнирана да ги научи како прецизно да пукаат, но и како да се справат со „воените закани, како и со основите на тактичкото спасување“.

Наставната програма вклучува лекции за тоа како да се состави и расклопи оружјето и како да се подобри точноста на гаѓањето во мета. За да се заштитат учениците, наставата која се одржува во училишните гимназии, наместо конвенционална муниција, се користат ласерски пиштоли.

Под името „Безбедносно образование“ предметот е задолжителен во осмо одделение од основно и прва година во средно училиште, односно за деца на возраст од 14 до 16 години.

Што се однесува до обуката за гаѓање, во основните училишта, барањата вклучуваат теоретска подготовка за безбедно ракување со оружје, објасни полското Министерство за образование во е-маил до Еуроњуз.

„Во средните училишта основната обука за гаѓање со практична компонента ќе се изведува со употреба на безбедни алатки за вежби за гаѓање, како што се огнено оружје, пневматско оружје, реплика на огнено оружје (ASG) или виртуелни/ласерски полигони за стрелање“, додаваат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…

„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…