Објавено на:

Полска за нападот во близина на границата: Тоа е заканувачка порака до НАТО

t

Вчерашниот руски ракетен напад врз украинската воена база во близина на границата со Полска беше обид да за закана врз НАТО. Ова за Би-Би-Си го изјави заменик министерот за надворешни работи на Полска, Марчин Пжидац.

Најмалку 35 лица загинаа во напад на тренинг базата Јаворив, на околу 20 километри од границата со Полска, членка на НАТО.

Пржидац за Би-Би-Си изјави дека потегот на Русија е „многу провокативен“ и дека Русија „сигурно знаела дека оваа воена база е многу блиску до границата со Полска“.

„Се разбира, Русите знаеја во што пукаат и се обидиоа да му се заканат на НАТО“, рече тој.

Пржидац вели дека се плаши дека неговата земја и неколку други земји се во опасност бидејќи Путин се обидува да го уништи „светот во кој живееме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…

Коцевски требаше да ги гони и своите…

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…

Бела куќа: Иран би можел да произведе…

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…

Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…

Во државните институции се случува историски пресврт,…