Полска и Литванија може да ги затворат границите на Белорусија поради „Вагнер“
Полска и Литванија размислуваат да ги затворат границите со Белорусија поради загриженоста за присуството на приватната воена компанија „Вагнер“ поврзана со Русија во земјата, изјави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински, цитиран од полските медиуми.
Камински на социјалната мрежа „Х“ (поранешен „Твитер“) напиша дека имал телефонски разговор со неговата литванска колешка Агне Билотаите за да се утврдат заедничките дејствија наспроти новите закани од Белорусија.
Двајцата министри за внатрешни работи разговараа за можното затворање на сите гранични премини и целосна изолација на режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Претходно денеска, заменик-министерот за внатрешни работи на Литванија Арнолдас Абрамавичиус објави дека како одговор на трансферот на платеници од Вагнер во Белорусија, Литванија ќе затвори два од шесте гранични премини со источниот сосед.
Полскиот премиер Матеуш Моравјецки вчера на полско-литванската граница се сретна со литванскиот претседател Гитанас Науседа за да разговараат за заканите од присуството на руски платеници во Белорусија. Двајцата се сретнаа во коридорот Сувалки, стратешка полска територија што ја дели руската енклава Калининград на Балтичкото Море од Белорусија. Според Моравјецки, повеќе од 100 од вкупно околу 4.000 платеници на Вагнер лоцирани во Белорусија се преселиле во близина на коридорот Сувалки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…