Објавено на:

Полска пресретнала руски авион кој извршувал извидувачки лет над Балтичкото Море

t

Борбени авиони на Полска пресретнал и придружувале руски авион кој извршувал извидувачки лет во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, без пријавен лет и со исклучен транспордер, објави Ројтерс.

Инцидентот се случил во делот на меѓународниот воздушен простор кој е под контрола на полските воздухопловни сили.

Пресретнатиот авион бил ИЛ-20, но не го нарушил воздушниот простор околу Полска, објасни полската армија.

Рускиот авион бил откриен вчера и пресретнат од два полски борбени авиони МИГ-29. Пилотите и борбените сили воспоставиле визуелен контакт со авионот, и го испратиле надвор од спорниот воздушен простор, пишува министерствоот за одбрана, и објави фотографии од авионот.

Портпаролот на војската изјави дека пресретнувањето се случило над водите северозападно од балтичкиот крајбрежен град Устка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска пресретнала руски авион кој извршувал извидувачки…

Борбени авиони на Полска пресретнал и придружувале…

Сo 3.66 промили алкохол во крвта жител…

Две лица во Тиквешијата биле приведени во…

Захарова: Европа се движи кон самоуништување

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,…

Арсовска: Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“…

„Како ќе функционира ЈП „Комунална хигиена“ –…

Царината заплени околу 3.000 парчиња парфеми, алкохол,…

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и…