Полска: Ќе создадеме помала коалиција на земји кои се подготвени да жртвуваат дел од нивната модерна воена опрема за Украина

t

Доколку Германија не се согласи да испрати тенкови „Леопард“ во Украина, тогаш Полска е подготвена да создаде нова воена коалиција, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

„Ќе создадеме помала коалиција на земји кои се подготвени да жртвуваат дел од нивната модерна воена опрема за Украина. Нема пасивно да гледаме како крвари“, рече тој.

Моравјецки додаде дека би сакал да слушне јасен одговор од Берлин дали другите земји кои имаат тенкови „Леопард“ во својот арсенал можат да ѝ ги достават на Украина.

Според него, Германија паднала во замка што си ја поставила, бидејќи со години води политика на зближување со Русија.

„Тие се надеваа дека ќе ја смират руската мечка со дарежливи договори. Оваа политика не успеа, а на Германците сè уште им е тешко да ја признаат“, заклучи Моравјецки.

Во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија се одржа состанок на Контакт групата на НАТО за поддршка на Украина, на кој се разговараше за прашањето за зголемување на воената помош за Киев. Но, нејзините учесници не успеаја да постигнат консензус за испорака на германски тенкови за Украина. Берлин досега се воздржуваше од тоа, и покрај тоа што притисокот врз канцеларот Олаф Шолц значително се зголеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека гледа „мал напредок“ во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека гледа…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…