Објавено на:

Полскиот министер за надворешни работи не крие дека војниците од некои земји на НАТО се веќе во Украина

t

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски денеска изјави дека војниците на НАТО се присутни во Украина. – Војниците од некои земји на НАТО се веќе во Украина. Би сакал да им се заблагодарам на земјите кои го преземаат тој ризик.

Тие ќе се препознаат – рече Сикорски, коментирајќи ги зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон за можното испраќање на западни трупи во Украина, пренесе РБЦ Украина. Сикорски не сакаше да каже на кои земји мисли. – За разлика од некои европски политичари, нема да го кажам тоа – рече Сикорски. На крајот на февруари Макрон не ја отфрли можноста за испраќање западни трупи да и помогнат на Украина, но додаде дека во моментов во НАТО нема консензус за ова прашање. САД отворено се спротивставија на оваа идеја, иако некои земји, како што е Балтикот, ја поддржаа.

Како што јави РБЦ Украина, „Политико“ објави дека постои можност Франција да собира коалиција од земји кои би биле подготвени да испратат војници во Украина. Полска првично се спротивстави на присуството на трупите на НАТО во Украина, но подоцна ја омекна својата позиција, се додава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…

На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…

Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…

Прекината истрагата за Панчо од ДНК

Обвинение за 34 физички и три правни…

„На здравје за молкот“

Кратка тажна приказна од нашето секојдневие… Летото…

Дебар Маало ќе се затвора за возила…

Со овој пилот-проект кој веќе е готов…