Полцискиот синдикат по срмтта на колегата од Кочани, Петров: СИСТЕМОТ СИ ГИ ЗЕМА СВОИТЕ ЖРТВИ!

t

СИСТЕМОТ СИ ГИ ЗЕМА СВОИТЕ ЖРТВИ…

Почитувани,

со длабока тага ја примивме веста за смртта на пензионираниот полициски службеник и поранешен член на Македонскиот полициски синдикат Владо Петров, човек кој целиот свој работен век го посвети на службата и заштитата на граѓаните.
За жал, Владо не ја дочека правдата. Тој беше осомничен во случајот за трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 62 лица – една од најтешките трагедии во поновата историја на нашата држава.

Системот, наместо да ги заштити оние кои чесно му служеле, често знае да ги скрши под товарот на неправдата. Владо Петров останува симбол на еден човек кој го даде својот придонес за безбедноста, но не ја дочека вистината и праведната разрешница.

Посмртните останки ќе бидат изложени во Градската Капела во Кочани од 13.00-15.00 часот, а погребот ќе биде во 15.00 часот на градските гробишта во Кочани на 14.10.2025 година.

Македонскиот полициски синдикат изразува искрено сочувство до семејството, колегите и сите негови пријатели.
Почивај во мир, колега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полцискиот синдикат по срмтта на колегата од…

СИСТЕМОТ СИ ГИ ЗЕМА СВОИТЕ ЖРТВИ... Почитувани,…

Локални избори во Косово: Српската листа ги…

„Српска листа“ се враќа на власт во…

Струјата поевтинува за фирмите, но поскапува за…

Во првата половина од 2025 година, просечната…

Директор на училиште со закани ги терал…

Директор на основно училиште преку мобилна апликација…

Мицкоски: Судиите со два проценти рејтинг треба…

Судиите со два проценти рејтинг треба да…