Пол: Борбата беше наместена? Вие сте глупави идиоти!
Мајк Тајсон на 58 години се врати во рингот и загуби од јутјуберот и боксер Џејк Пол. Против 31 година помладиот борец, Тајсон изгледаше добро во првите две рунди, а потоа ја загуби силата и ритамот што ги задржа неговиот многу помлад противник. Некои тврдат дека исходот од оваа борба бил наместен.
Многу навивачи по борбата се пожалија дека мечот изгледа како да е договорен да заврши со судиска одлука. На социјалните мрежи е споделено видео за кое се тврди дека е дефинитивен доказ за овие тврдења. Јутјуберот Пол имаше што да им каже на фановите кои веруваат во овие тврдења.
„Што сакаат луѓето? Сакаат само да загубам. Само така ќе бидат среќни. Ова е борба, ова е спорт. Понекогаш натпреварите од НФЛ лигата завршуваат со по десет поени на двете страна и тоа здодевно ли е?
Луѓето велат дека е наместено, се гледало како удираме во фокусерите. Вие сте глупави идиоти. Луѓето не ја разбираат мојата сила, мојата директност, мојата брзина, способност и работа со нозете за да се избегнат удари. Затоа Мајк промашуваше“, изјави Пол.
Инаку, борбата заврши по осум рунди, а судиите доделија победа на Пол.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп му постави „последен ултиматум“ на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека вчера…
Грција во иднина би можела да се…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…
(Документи) Кој ја направи саботажата во РЕК…
Плаќаат 150 МИЛИОНИ денари за технолошко чистење…
Војници повредени при гаснење пожар во тетовската…
Двајца припадници на Армијата се повредни по…
Трамп му се потсмева на Путин: Реши…
Американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека…