Поништена е набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални
Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик објави „Мета“. Причината, како што е наведено во известувањето за поништување објавено на Порталот за јавни набавки, е поради тоа што не била поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда за набавката.
Со огласот (бр. 03756/2025), објавен на 5 март 2025 година, Владата бараше компанија што ќе изработи сеопфатен софтвер кој ќе врши мониторинг на медиумите – електронски, печатени, онлајн и објави на социјалните мрежи – и ќе ги оценува содржините како позитивни, негативни или неутрални. Дополнително, се бараше и дневен извештај до 9 часот следниот ден со детални податоци за медиумските објави, вклучително и име на медиумот, авторот, содржина и линк до оригиналниот извор.
Планираниот систем требаше да биде опремен со вештачка интелигенција, да биде достапен преку мобилна апликација, како и да функционира и offline за делот со транскрипција на говор во текст. Софтверот, според техничката спецификација, беше наменет за потребите на околу 30 државни институции и политички органи.
Поништувањето на постапката значи дека Владата, засега, нема да располага со ваков систем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата не објави ни соопштение: Започна процедурата…
Министерот за надворешни, здравство, енергетика, генералниот секретар…
Владата одлучи Пониква да биде рехабилитациски центар…
На денешната 82 редовна седница на Владата…
ГРОМ предлага: 500.000 евра за семејствата на…
ГРОМ има целосно разбирање за револтот на…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Владата ги обвини родителите на починатите од…
Владата денеска ги обвини родителите од Кочани…