„ПОНИШТЕТЕ ЈА ПРЕСПА“: Лидерот на СИРИЗА упати повик до Мицотакис!
За време на предизборниот митинг во Солун во пресрет на европските избори на 9 јуни, лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис говореше за сите актуелни теми во Грција, но и за прашањата во грчката надворешна политика, осврнувајќи се и на Договорот од Преспа, јави МИА од Атина.
– Испраќам јасна и едноставна порака до премиерот. Договорот од Преспа е билатерален. Ако продолжувате да сметате дека е предавнички, постои само еден начин. Да го сторите она што го кажуваа вашите претставници, а многумина од нив сè уште го кажуваат: ‘Ако ВМРО ни даде шанса, ќе го поништиме договорот’. Ова го кажуваа. Истото го посакуваат и т.н. ‘борци за Македонија’ што ги вадевте на улица и се ваши гласачи: Да го поништите. Па, еве го Скопје, отидете. Да видиме. Но, нема да го сторите тоа. И знаете зошто нема да го сторите тоа? Бидејќи Договорот од Преспа е тоа што го сакавте како партија, но тогаш Груевски во никој случај не прифаќаше да направи толку отстапки, како што направија пред Владата на СИРИЗА, пред Алексис Ципрас и Никос Коѕијас – истакна Каселакис.
Додаде дека ако актуелниот грчки премиер има намера да го почитува Договорот од Преспа „како национално корисен“, постојат два морални предуслови, да му се извини на грчкиот народ, но и на поранешниот премиер Ципрас и на поранешниот шеф на дипломатијата Коѕијас.
– Прво, ќе му се извините на грчкиот народ за омразата, поделбата, нетолерантноста што ја негувавте за да ја добиете премиерската фотелја, викајќи против Договорот, со кој се согласувавте. Второ, ќе им се извините на двајцата луѓе на кои им залепивте етикета на ‘национален предавник’ во време кога ја вршеа нивната патриотска должност, Алексис Ципрас и Никос Коѕијас. Тоа се морални предуслови господине премиере. Јас немам илузии дека ќе го сторите тоа – посочи лидерот на СИРИЗА.
Каселакис им се обрати на жителите на северна Грција, на грчката област Македонија кои се против Договорот, велејќи им дека Нова демократија ги искористи, бидејќи „сега моли да се почитува Договорот од Преспа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…
Сите на одмор: На „Табановце“ и „Богородица“…
На граничните премини „Табановце” и „Богородица”, времето…
Иран со ново предупредување: Следуваат уште поостри…
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан испрати силна порака…
Прекината истрагата за Панчо од ДНК
Обвинение за 34 физички и три правни…