Поплавени подрумите, кај салите за интервенција на Клиника за кардиологија
Регионалниот ЦУК Скопје известува дека по силниот пороен дожд што во попладневните часови го зафати Скопје, на единствениот број за итни ситуации 112 имаат во ЦУК пријавено, дека се поплавени неколку подрумски простории на ул. „Јордан Мијалков“, спроти зградата на „Лимак“, две куќи поплавени во населба „Драчево“ на ул. „Славка Динкова“, големо количество вода во подвозникот кај Тинекс, кај катната гаража(1м-2м) на ул. „Антон Попов“.
-Поплавувањето на подвозникот го попречува одвивањето на сообраќајот. Пријавено е дека и на Клиниката за Кардиологија се поплавени подрумските простории, каде што се салите за интервенција. Има паднато повеќе гранки од дрвја при првиот налет на локалното невреме во Скопје, а на улицата „Симеон Кавракиров“, во населбата „Мичурин“ во Аеродром дрво паднало врз возило. Во 18.15 е отстрането од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и улицата е проодна. Исто така имало паднато голема гранка од дрво, во близина на аптека „Зегин“ на булеварот „Св. Климент Охридски“, информираат од ЦУК.
Од Регионалниот ЦУК Скопје стапиле во контакт со пожарникарите од Бригадата (БППЗ) на Град Скопје и биле испратени екипи за испумпување на водата од критичните точки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…