Поплавен подвозник во Тетово: Автомобил заглави, возачот спасен
Во Тетово, едно патничко возило заглави во подвозник поради насобрана вода од интензивните врнежи, информираат од Центарот за управување со кризи. Возачот навреме го напуштил автомобилот и не е повреден.
Пријавата за настанот е добиена преку бројот за итни повици Е-112, а се работи за подвозникот во населбата Дарданија, во близина на полигонот. На лице место интервенирале екипи на СВР Тетово и ТППЕ Тетово, со две противпожарни возила и четворица пожарникари.
Од ЦУК апелираат до граѓаните за претпазливост и советуваат да ги користат алтернативните улици во населбата Дарданија додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поплавен подвозник во Тетово: Автомобил заглави, возачот…
Во Тетово, едно патничко возило заглави во…
(Видео) Бомба на Минчев меѓу двата изборни…
Горан Минчев открива дека ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и…
Поплава дожд над Македонија, доаѓа нов пороен…
Обилниот дожд што цел ден паѓа цел…
И ова го видовме: ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и…
Како коалиција веќе сме во завршна фаза…
„Ројтерс“: Нафтата за Србија заглави во Хрватска,…
Американските санкции воведени против Нафтната индустрија на…