Објавено на:

Поплавите во Либија земаа над 3.800 жртви

t

Повеќе од 3.800 луѓе загинаа во разорните поплави што го зафатија градот Дерна во Либија, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи на владата што владее со источниот дел на земјата.

Според портпаролот, поручникот Тарек ал-Хараз, досега во градот се идентификувани 3.840 жртви, од кои 3.190 биле погребани вчера. Меѓу жртвите има најмалку 400 странци, главно Суданци и Египќани.

Најмалку 250 тела се извлечени денеска, а повеќе од 2.400 луѓе се водат како исчезнати во невремето што ја погоди земјата во неделата, додаде портпаролот.

Властите во источниот дел на земјата стравуваат дека конечниот број на жртви од поплавите во Дерна и соседните области по минувањето на бурата Даниел може да биде многу поголем, со оглед на размерите на уништувањето и тешкотиите во обезбедувањето помош за настраданите.

Велика Британија денеска соопшти дека и дава на Либија првична помош од еден милион фунти (1,16 милиони евра). Во изјавата за медиумите, британските дипломати рекоа дека ОН доделиле 10 милиони долари (9,3 милиони евра) од Централниот фонд за одговор при итни случаи, во кој Велика Британија е еден од најголемите придонесувачи.

Обемот на загубите и уништувањето предизвикано од поплавите во Либија „се потресителни“, напиша британскиот премиер Риши Сунак на мрежата Х. „Ние работиме на обезбедување итна помош за либискиот народ, вклучително и првично финансирање за поддршка на меѓународните напори за помош“, нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катастрофата во Кочани – Трета најголема трагедија…

Трагедијата која се случи на 16 март…

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Поплави во Велика Британија – автомобили се…

Делови од Велика Британија вчера беа зафатени…

14-минутни демонстрации во Нови Сад во знак…

Во српскиот град Нови Сад се одржаа…

Во Шпанија спасена жена која три дена…

Жената која три дена била заробена во…