Објавено на:

Поплави во Германија: Железничкиот сообраќај меѓу Берлин и Минхен е во прекин, загина пожарникар

t

Железничкиот сообраќај меѓу Берлин и Минхен, како и меѓу Штутгарт и Франкфурт е во прекин поради поплавите што ја погодија Германија, објави Дојче Бан.

Компанијата ги повика граѓаните да ги одложат сите несуштински патувања, пренесува Тагешау.

Во југозападниот округ Шварцвалд-Баар се активирани неколку одрони, а во градот Милхаузен неколку лица се спасени од водата чија висина достигнала 1,8 метри.

Во околината на Штутгарт, во окрузите Ремс-Мур и Лудвигсбург, поради поплави затворени се градинките и училиштата.

Пожарникар загина ноќта меѓу саботата и неделата за време на спасувачка операција поради поплавите во градот Пфафенхофен ан дер Илм во Горна Баварија, кога се превртел чамецот во кој се наоѓал со тројца колеги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Германија и требаат 300.000 нови станови…

Бројката од годишната прогноза за потребите за…

(Фото) Протести и во Германија за Кочани:…

Македонци во Нирнберг Германија, денеска одржаа мирен…

Се сруши авион во Германија: Девојче извлечено…

Мало девојче (6) е извлечено од остатоците…

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…