Поплави низ државата: ЦУК и општините во постојана координација

t

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, со оглед на актуелната ситуација, ја следи состојбата од Дежурниот оперативен центар на ЦУК и е во постојана координација со градоначалниците на засегнатите општини.

Поради обилните врнежи во повеќе региони низ државата се зголемени водостоите на реките, а има и поплавени терени, подруми и земјоделски површини. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, механизација и приватни компании за испумпување вода, расчистување и интервенции.

Состојбата се следи во сите засегнати региони: Ресен, Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината. Дежурни екипи остануваат на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и за понатамошни интервенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поплави низ државата: ЦУК и општините во…

Директорот на Центарот за управување со кризи,…

Вучиќ: Ќе им понудам на САД моја…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека планира…

На Украина и се потребни цврсти безбедносни…

Секое решение за Украина мора да обезбеди…

МИСТЕРИОЗНАТА БЕЛА ПЕНА ОД ВАРДАР СЕ ПОЈАВИ…

Утрово жителите на селото Таор во општина…

Трамп сака Украина да го прифати мировниот…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во радио…