ПОПЛАДНЕ ПОВТОРНО ПОРОЕН ДОЖД И НЕВРЕМЕ – УХМР со разочарување до крајот на месецот, еве што не очекува на првиот ден од месец септември
До среда времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност.
Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Според УХМР, денеска околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени.
Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и во скопската котлина, а во некои делови ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…
Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…
Над 13 илјади странци се вработени во…
Развојот на различните сектори на економијата и…
Апасиев до власта: Не одите уште долго…
*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…
Поради високите температури, граѓаните да не излегуваат…
Од вчера до денес имаме пораст на…
СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…
Нема дно кое Мицкоски не може да…