Поправката на „Северен тек 2“ би чинела најмногу 633 милиони евра

t

Проценетите максимални трошоци за поправка на гасоводот Северeн Тeк 2 во случај на негово идно користење ќе изнесуваат 633 милиони евра, изјави денеска Роберт Бехлер, портпарол на швајцарската компанија „Транслик АГ“, која е привремен административен надзорник на фирма „Северeн Тек 2 АГ“.

„Постојат сите причини да се верува дека побарувачката за енергија во Западна Европа ќе остане висока“, додаде Бехлер.

Стечајната постапка на „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот Северен тек 2, во јуни беше продолжена до јануари 2025 година.

Гасоводите Северен тек 1 и 2 наменети за транспорт на руски гас во Германија беа оштетени во експлозии во септември 2022 година, објави Би-Би-Си.

Данските власти заклучиле дека гасоводите биле оштетени во „саботажа“, но додале дека нема основа за поведување кривична постапка.

Засега не е познато кој е одговорен за експлозиите на Северен тек 1 и 2.

Северен тек 2 е гасовод меѓу рускиот град Уст Луг и германскиот град Грајфсвалд, преку кој рускиот гас се транспортирал до Западна Европа, а долг е 1.234 километри и минува низ Балтичкото Море, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поправката на „Северен тек 2“ би чинела…

Проценетите максимални трошоци за поправка на гасоводот…

Рама: Косово треба да го замрзне дијалогот…

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека…

Мбапе: Модриќ има повеќе титули отколку јас…

Реал Мадрид во средата го освои Интерконтиненталниот…

Погба по пресудата за неговиот брат: Нема…

Пред неколку дена Судот му изрече затворска…

Што се случува со тимот кој беше…

Кошмарот за Манчестер сити продолжи и во…