Популарниот бугарски актер Христо Шопов на суд, на жена ѝ се заканувал со пиштол
Софиското окружно обвинителство поднесе обвинителен акт до судот против познатиот бугарски актер Христо Шопов кој во услови на континуирано кривично дело со две дејства се заканувал дека ќе убие жена со пиштол, извести државното обвинителство.
На ден 23.02.2024 година околу 00:20 часот на железничката станица „Малинова Долина“ во Софија, обвинетиот Христо Шопов и се заканувал на жена дека ќе ја убие држејќи пиштол во рака и на англиски јазик рекол: „Ќе ти пукам со пиштол во лице!“.
После тоа, околу 00:30 часот, пријавениот со рака ја фатил жената за брадата и ја турнал до оградата од куќа, велејќи ѝ: „Ќе те убијам!“.
Жената почувствувала оправдан страв од заканата.
За случајот е поведена предистражна постапка. Делото е казниво со затвор до 6 години. Во текот на истрагата беа извршени вештачења и сослушани сведоци. Случајот против Христо Шопов ќе продолжи во Окружниот суд во Софија.
Шопов има бројни улоги на филмското платно но најпознат е по неговиот портрет на Понтиј Пилат во филмот „Страдањата на Христос“ на режисерот Мел Гибсон од 2004 година. На балканската публика ѝ е познат по улогата на водач на бугарски наркоклан во популарниот филм и тв серија „Јужен ветер“ од 2018 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…