Објавено на:

Популарните „Чкембари“ најавуваат „инвазија“ на Скопје

t

Доаѓа самата завршница на ракометната сезона во Македонија.

Во недела ќе биде познат освојувачот на првиот трофеј, победникот во Купот. Две рунди остануваат и во првенството во кои актуелниот првак Еурофарм Пелистер влегува со два бода повеќе од „лутиот“ ривал Вардар.

Влогот секако е голем, но и желбата на навивачите на клубовите, нивниот тим да стигне до посакуваните трофеи.

Битолската навивачка група „Чкембари“ полека се „мобилизира“ за пристојната завршница во Купот на Македонија што ќе се игра во Скопје. Битолчани најавуваат „инвазија“ во главниот град, со цел да им помогнат на ракометарите да стигнат до пехарот.

Спремни сме за уште еден поход, за уште една експлозија во нивниот град.

Одиме против сите неправди кои ни беа нанесени години уназад. Одиме да си ги наплатиме долгојте и да си го земиме то шо ни припаѓа. Скопје го чека втора експлозија.

Биди во тек, прати ги сите информации и бери ја екипата, цела битолска авангарда е спремна.

ТИК ТАК….

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

Неколку здравствени институции добија нови директори

Министерството за здравство информира дека министерот Арбен…

Награда од три милиони денари за младите…

Владата на денешната седница донесе одлука на…

Камала Харис го избра кандидатот за потпретседател

Дури четворица блиски до Харис тврдат дека…

Камала Харис избра кандидат за потпретседател

Потпретседателката на Соединетите Американски Држави и најверојатниот…