Поради милионски долгови им се заканува исклучување на струјата на Клинички центар и Железница!

t

На Клинички и Железница им се заканува мрак. За помалку од две недели електирчната енергија во овие инситуции  може да биде целосно исклучена, поради  тоа што должат милиони за струја, а немаат доставено ниту банкарски гаранции. Од ЕВН за Телма велат дека тие веќе испратиле и  известување до нив. Направен е и план на кои точки ќе има прекин на струјата. Од компанијата  потенцираат дека тие ќе ги искористат сите законски механизми кои им се на располагање за да си го наплатат долгот.

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР И МЖ ТРАНСПОРТ ГИ ИСПОЛНУВААТ УСЛОВИТЕ ЗА ИСКЛУЧУВАЊЕ КАКО КРАЈНА МЕРКА, ПО ПРЕТХОДНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СИТЕ ЗАКОНСКИ МОЖНОСТИ. ДАДЕН ИМ Е РОК ОД ДВЕ НЕДЕЛИ ВО КОИ ТРЕБА ДА ДОСТАВАТ БАНКАРСКИ ГАРАНЦИИ, А ВЕДНАШ ПОСЛЕ ТОА МОЖАТ ДА БИДАТ ИСКЛУЧЕНИ. ЗА СОСТОЈБАТА ИЗВЕСТЕНИ СЕ СИТЕ ИНСТИТУЦИИ И ВЛАДАТА, ВЕЛАТ ОД ЕВН

Од Железници и од заеднички служби при Клинички се загрижени за состојбата, пари немаат и се надеваат на повеќе средства од буџетот.

Од МЖ Транспорт за Телма соопштија дека тие имаат направено големи заштеди на струја за септември, октомрви и ноември, но дека долгот кон ЕВН стои. Во преговри се и со Владата и со ЕВН, и се надеваат дека ќе се најде решение, за да не сопрат возовите.

И од заеднички служби на Клинички со сличен став. Велат тие се посебно тело кое не се финаинсира од буџетот, туку сами. И тие како Железница се надеваат дека државата ќе најде начин за да не останат без струја.

ДА СЕ  ИСПЛАТАТ ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, А ПОТОА ОД ТАМУ ДА СЕ ПРЕРАСПРЕДЕЛАТ ПО КЛИНИКИТЕ И СО ТИЕ ПАРИ ДА ПОЧНАТ ДА СЕ ПЛАЌААТ ФАКТУРИТЕ ЗА СТРУЈА. ВО МОМЕНТОВ ТОА Е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН ДА СЕ РАСЧИСТИ ДОЛГОТ, ДРУГА ОПЦИЈА НЕМА, ВЕЛАТ ЗА ТЕЛМА.

Премиерот Ковачевски рече дека државата мора да помогне, но не прецизираше кога би се платил доглот за да се спасат од мрак.

Извор: Телма

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силниот ветер искрши гранки од дрвја во…

Силниот ветер искрши гранки од дрвјата во…

Тепачка кај нотар во Центар за наследство

Две лица се степале во нотарска канцеларија…

„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…

Герасимовски: МВР може да ги идентификува деликвентите…

Снимките од тинејџерите кои уништуваат игралиште во…

Србија планира изградба и модернизација на 2.000…

Јелена Танасковиќ, в.д генерален директор на железничката…