Поради пад на температурите, грејната сезона почнува две недели порано
АД ЕСМ информира дека од утре, 2 октомври, започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во Скопје.
Иако грејната сезона официјално почнува на 15 октомври, регулативата предвидува почеток и порано доколку прогнозата за средна дневна температура е еднаква или пониска од 12˚C. Според Управата за хидрометеоролошки работи, за 2 октомври е најавена средна температура од 10˚C, со што се исполнети условите за производство и испорака на топлинска енергија.
До 15 октомври, на веб-страницата на ЕСМ Снабдување секојдневно ќе се објавува дали има услови за испорака на топлинска енергија за наредниот ден.
Од компанијата апелираат до корисниците да ги завршат потребните поправки на внатрешните грејни инсталации, а заедниците на сопственици да обезбедат пристап до потстаниците, редовно електрично напојување и платени сметки за струја. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи.
Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина на линкот „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради пад на температурите, грејната сезона почнува…
АД ЕСМ информира дека од утре, 2…
Орбан ни се потсмева за укинувањето на…
„Политико“ објави денес дека унгарскиот премиер Виктор…
Недобронамерни вести од Државниот завод за статистика:…
Бројот на работниците во индустријата е намален…
ДУИ: Промотивната конвенција на ВЛЕН во Скопје…
Испраќајќи фотографија, за која велат дека е…
Коалицијата „Сите за правично судење“ за Пулс:…
Доколку обвинението за кочанската трагедија не е…