Поради пожарот во НП Јасен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје забранет за сообраќај
Поради пожарот во Националниот Парк Јасен, ограничувањето за движење на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје останува на сила.
“Патот е затворен е за секаков вид на возила,” известија од Автомото сојузот на Македонија. Според нив, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива тековно, по суви коловози.
Од АМСМ известуваат дека густината на сообраќајот на патните правци надвор од урбаните зони е зголемена, а поради летните годишни одмори се забележува поголема раздвиженост на возила на граничните премини. Сепак, од македонска страна нема подолги чекања за влез и излез од земјата.
Автомотосојузот потсетува дека до 31 август на државните патишта во Македонија важи летен режим на сообраќај, со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендите и за време на денови со екстремно високи температури. Термините се следни: “петок од 17 – 22 часот, сабота од 9 до 18 часот и недела од 9 до 22 часот.”
“Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.”
Оваа мерка не се однесува на возила кои транспортираат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и брзо расиплива стока, нафта и нафтени деривати, вршат превоз на опасни материјали и возила кои извршуваат превоз за компании кои имаат потпишано договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради пожарот во НП Јасен регионалниот пат…
Поради пожарот во Националниот Парк Јасен, ограничувањето…
(Видео) Вака треба! Албанија ги заострува казните…
Под сомнение за подметнување пожари во Албанија…
Орбан: Украина ја загуби војната, Русија победи,…
„Русија ја доби војната со Украина“, изјави…
Скопјанец фрлал со камења по хеликоптер додека…
На 12.08.2025 во 18:55 часот полициски службеници…
15 годишно дете со автоматскa пушкa го…
Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против…