Поради преписката меѓу Фон дер Лајен и директорот на Фајзер, ќе има гласање за доверба во ЕК
Романскиот десничарски европратеник Георге Пипереа вечерва побара во Европскиот парламент да се гласа за недоверба на Европската комисија, предводена од претседателката Урсула фон дер Лајен.
Претседателката на ЕП, Роберта Мацола ги информираше лидерите на парламентарните групи за барањето на европратеникот Пипереа, во кое се обвинува ЕК за недостиг на транспарентност и лошо управување, особено во справувањето со пандемијата Ковид-19.
Во барањето за разрешување на Комисијата се наведува одбивањето да се откријат текстуалните пораки меѓу Фон дер Лајен и извршниот директор на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла. Судот на правдата на Европската Унија неодамна пресуди во тој случај дека Комисијата сè уште не обезбедила доволно правно оправдување за изоставување на оваа информација.
Како што претходно објави „Њујорк тајмс“, личниот контакт меѓу Fон дер Лајен и Бурла, беше клучен за постигнување договор за купување на вакцината вредна повеќе милијарди евра во екот на пандемијата.
Гласањето треба да биде поддржано од најмалку една десетина или 72 европратеници, за да биде ставено на дискусија и гласање на пленарната седница во Стразбур следната недела.
Доколку се усвои, со гласањето за недоверба ќе се бара оставка од целата ЕК, вклучително претседателката и 26 комесари. Најверојатно ЕК ќе го преживее гласањето бидејќи за да се изгласа недоверба потребно е двотретинско мнозинство од 720 пратеници во ЕП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради преписката меѓу Фон дер Лајен и…
Романскиот десничарски европратеник Георге Пипереа вечерва побара…
Скандалот на Фон дер Лајен со вакцините…
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер…
Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…
Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…
Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на…
Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања…