Поразителни резултати за Шолц: Германците се незадоволни од нивната влада, како никогаш претходно

t

Сојузниот канцелар Олаф Шолц (СПД) се повлече нешто повеќе од 24 часа со своите министри на затворен состанок во замокот Мезеберг за да им каже на сите отворено што мисли за стагнацијата и заканувачката рецесија во германската економија.

Тема беше и малата популарност на коалициската влада составена од СПД, Зелените и либералите. И повторно се договорија да се борат помалку и да работат подобро, пишува Дојче веле.

Германците, сепак, веќе немаат голема доверба во коалициската влада. Само 19 отсто од нив се задоволни од нејзината работа. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење на ARD-Deutschlandtrend спроведено од институтот infratest-dimap. Анкетата е спроведена од 28 до 30 август на репрезентативен примерок од 1.310 граѓани со право на глас.

Големо незадоволство има и кај поддржувачите на партиите од владејачката коалиција. Поддржувачите на либералите (ФДП) се особено незадоволни од политиката на владата. Четири петтини остро ја критикуваат владата, во која има и министри од ФДП. Не е невообичаено владите да губат популарност на почетокот на нивниот мандат. Но, претходните влади успеаја да ја вратат довербата на гласачите многу пред половината од нивниот мандат. Семафор-коалицијата досега не можеше да го направи тоа иако наполни половина од својот мандат.

Тоа го покажува и прашањето за кого би гласале доколку изборите се одржат следната недела. Ако сега се избира нов Бундестаг, партиите од владејачката коалиција – СПД, Зелените и ФДП – нема да имаат мнозинство.

ЦДУ/ЦСУ и натаму добива најмногу, 29 отсто. Следува АфД со 22 отсто. Партијата на канцеларот Шолц, СПД ,би добила само 16 отсто, Зелените 14 отсто, либералите шест отсто. Левицата со четири отсто нема да влезе во парламентот. Впечатлива е и големата непопуларност на сојузниот канцелар Олаф Шолц што достигна нов негативен рекорд. Според Deutschlandtrend, само секој четврти гласач е задоволен од неговата работа.

Во последните пет месеци прашањето за економијата и конјуктурата доби големо значење. Војната во Украина и нејзините последици изгубија на важност. На четврто место, по економијата, имиграцијата и заштитата на животната средина, е темата за социјална правда. Во Германија, во принцип, постои големо незадоволство од распределбата на економската благосостојба, а во моментов тоа е дури и зголемено. Осум од десет испитаници сметаат дека дистрибуцијата на стоки во Германија е неправедна.

За поддршка на семејствата, Владата неодамна поднесе предлог за основна парична помош за децата до законодавната процедура. 60 отсто од испитаниците го сметаат за правилен. Во владејачката коалиција има разлики во ставовите за уште две теми: воведување на горна граница за цената на струјата за индустријата и посилно регулирање на растот на кириите, што го бараат делови од СПД и Зелените.

Германците се прилично воздржани кога станува збор за субвенционирање на цената на струјата за гранки кои трошат многу енергија. 38 отсто сметаат дека оваа идеја оди во вистинска насока. 72 отсто од испитаниците сметаат дека е правилно посилното ограничување на растот на киријата, пишува Дојче Веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ги повика своите граѓани или да…

Германското Министерство за надворешни работи повторно ги…

Се урна хотел во Германија: Едно лице…

Едно лице е пронајдено мртво, а осум…

Татко и син учествувале во нелегални трки,…

Двајца мажи, за кои се верува дека…

Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…