Поразително: Над 450.000 граѓани на Македонија живеат под прагот на сиромаштија

t

Речиси 452 илјади граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2020 година во Македонија. Сиромаштијата највеќе ја чувствуваат младите на возраст до 17 години, пренесува Дојче Веле.

Расте бројот на македонски граѓани коишто живеат во екстремна сиромаштија. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека речиси 452 илјади граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2020 година во Северна Македонија. Стапката на сиромашни лица од вкупното население е 21.8%, што е зголемување во однос на 2019 година – кога тој процент изнесувал 21.6. 

Најголема сиромаштија има во четиричлените семејства со две деца кои се на возраст под 14 години. Расте прагот на сиромаштија и во самечките домаќинства – ако во 2018 година се регистрирани 97 илјади лица, сега бројката е порасната на 110 илјади. Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека на сиромашни пензионери е 7 проценти. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти. Сиромаштијата највеќе ја чувствуваат младите на возраст до 17 години (30.3%), потоа лицата на возраст од 18 до 64 години (21.1%), додека најмал е процентот на пензионерите (13.4%), односно лица над 65 години коишто живеат во сиромаштија.

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…