Поразително: Речиси една третина од децата во Македонија во 2020 година биле сиромашни
Според Лаеканските индикатори за стапка на сиромаштија по возрасни групи, што ги пресметува Државниот завод за статистика, стапката на сиромаштија кај возрасната група од 0-17 години во 2020 година изнесува 31,8 проценти (последен податок).
Според тие податоци, речиси третина од децата во Македонија во 2020 година биле сиромашни! Годинава ДЗС ќе ги објави податоците за 2021 година, но, студијата „Влијанието од кризата со храна и енергија врз благосостојбата на домаќинствата во Македонија“, што ја направија Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“, покажува дека во текот на 2022 година релативната сиромаштија се влошила за 0,7 процентни поени, што значи сиромаштија дополнително за уште околу 13 илјади луѓе. Дополнително се влошила и детската сиромаштија за 1,3 процентни поени, а тоа се уште 5 илјади деца паднати во сиромаштија.
„Домаќинствата со три и повеќе деца, кои и онака се силно лишени, доживуваат дополнителни опасности од кризата, бидејќи нивната сиромаштија се продлабочува за 0,9 п.п., додека стапката во домаќинствата во кои главата на семејството е нискописмено лице се продлабочува за еден п.п. Девојчињата се повеќе погодени од момчињата, додека влијанието е најсилно кај децата до 5 години, со неверојатни 2,2 п.п., односно тоа се околу 2.000 деца“, покажува истражувањето.
Сериозно влошување на сиромаштијата со храна
Она што особено загрижува е влошувањето на сиромаштијата со храна, кое авторите на ова студија го квалификуваат како „сериозно“.
„Стапката на сиромаштија со храна се зголемува за 8,2 п.п. за сите домаќинства, а 9,4 п.п. за деца. Растечките цени на храната имаат посериозно влијание врз децата споредено со останатата популација, кај којашто растот исто така е висок. Жените се малку посилно погодени, додека порастот е неверојатен кај домаќинствата со три или повеќе деца, со 14,5 п.п. Тоа јасно го прикажува ризикот од глад кај членовите на таквите домаќинства каде што почесто се појавуваат деца. Девојчињата се посилно погодени од момчињата, а помалите деца повеќе од постарите“, се наведува во студијата.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Данец со камера скриена во пенкало, снимал…
Полицијата во Ровињ спровела кривична истрага и…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Оставиле деца заклучени во автомобили: На родителите…
Пожарникари вчера спасија две деца од заклучени…
Ужас: Во Германија на секои половина час…
Во Германија на секои половина час дете…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…