Објавено на:

Поразително: Цел Западен Балкан сака да се исели…

t

Иселувањето и „одливот на мозоци“ од земјите од Западен Балкан е еден од најголемите проблеми за регионот. Истражувањето „Балкански барометар 2023“ покажа дека дури 44 отсто од испитаниците во регионот сакаат да ја напуштат својата земја, што е за пет отсто повеќе од минатата година. Кај младите тој процент е уште поалармантен – 71 процент од младите сакаат да живеат во странство, далеку од земјата на потекло.
Според податоците на Барометар, од Косово сакаат да се иселат повеќе од половина од испитаниците, 57 отсто.

Следат Црна Гора со 45 отсто, Албанија со 44, Србија со 41 и Босна и Херцеговина со 38 отсто.

Податоците покажуваат и дека 59 отсто од анкетираните сметаат дека поддршката за европската интеграција на Западен Балкан е намалена.

Поединечно, ваквата перцепција е најизразена во Албанија – дури 92 отсто од граѓаните сметаат дека поддршката од ЕУ е намалена во регионот. Во Косово истото го мислат 66 отсто од испитаниците, во Македонија 60 отсто, во БиХ – 52 отсто и во Србија нешто повеќе од една третина, 34 отсто.

Околу 60.000 граѓани и 12.000 бизнисмени од Западен Балкан учествуваа во истражувањето на Балкан барометар, спроведено од Регионалниот совет за соработка (RCC), кои одговараа на прашања за нивните очекувања, политичката и социо-економската состојба во регионот, како и нивните ставови кон регионалната соработка и интеграцијата на земјите од Западен Балкан.

Податоците покажуваат и дека граѓаните од Западен Балкан ја гледаат корупцијата како најголем проблем за развојот на регионот, а 27 отсто од нив велат дека нивото на корупција е зголемено.

Така, 38 отсто од анкетираните албански граѓани ја гледаат својата земја како „најкорумпирана“ во регионот. На второ место се БиХ и Македонија со 26 отсто, а потоа следат Црна Гора и Србија со 25 отсто.

Косово има најниско ниво на перцепција за корупција – 22 отсто.

Во регионот повеќе од две третини од граѓаните – 69 отсто од нив сметаат дека законот не важи за сите подеднакво, а тоа е за седум отсто повеќе од лани.

Податоците покажуваат и дека тројца од четворица граѓани од регионот немаат доверба во политичките партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Страшна статистика: Семејствата со помали деца најмасовно…

Бројот на лицата кои ја напуштаат Македонија…

Страшно: Над 14 милиони Украинци ја напуштиле…

Обединетите нации соопштија денеска дека повеќе од…

За четири години од Косово си заминале…

Косовското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти…

Албанците поднеле 12 илјади барања за азил…

Не престанува миграцискиот бран на албанските граѓани,…

(Видео) Палестинците ги послушаа повиците на Израел:…

Жителите на Газа почнале да се движат…