Поразот во финалето од СП 2006 не е најтешкиот момент во кариерата на Зидан

t

И 17 години откако ја заврши играчката кариера, на Зинедин Зидан со задоволство се сеќаваат повозрасните љубители на фудбалот.

Еден од најдобрите плејмејкери на сите времиња играше за Кан, Бордо, Јувентус и Реал Мадрид, но се чини дека најголемите успеси ги оствари со француската репрезентација. Четврт век подоцна, уште се зборува за неговото неверојатно издание во финалето од Мундијалот во Франција кога постигна два гола во триумфот со 3-0 против Бразил, а во 2000 година ги однесе „триколорите“ и до европската титула.

Перфектен крај на неговата кариера ќе беше светската круна во 2006 година во Германија, но во финалниот меч, во кој го отвори резултатот од пенал, доби црвен картон затоа што го нокаутира Марко Матераци. Сепак, според неговото признание, тоа не е најлошиот момент од кариерата на Зидан.

„Освојувањето на Светското првенство е најубавото чувство во животот и најубавиот спомен од мојата играчка кариера. Најлошиот момент, пак, е испаѓањето од Првата француска лига со Кан во сезоната 1991/92“, призна Зидан.

Таа сезона беше последна за него во Кан каде дебитираше на 17-годишна возраст, по завршувањето се пресели во Бордо, а потоа по пет години помина во Јувентус и Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…

Повеќе од шест месеци – уште од…

Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…

Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…

Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…

Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…

Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…

Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…