Поранешен директор на Онкологија не се чувствува виновен за несовесно лекување пациенти
Обвинетиот Никола Васев на денешното судско рочиште се изјасни како невин, на што неговиот адвокат Никола Ставрев истакна дека против неговиот клиент се води некаков заговор.
„Ние ќе ја докажеме неговата невиност со докази и со нив во целост ќе се спротивставиме и ќе ги побиеме доказите на Обвинителство. И тоа ќе го побиеме со вештото лице кое го имаме ангажирано.
Бараме да биде испрашана како сведок Марина Вукашиновиќ Столеска и бараме изземање на вештакот Милан Ристески, истакна адвокатот Ставрев.
Бидејќи судот го одби барањето за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната на Васев побара вештаците да бидат директно сослушани, а како сведоци ќе бидат повикани и лекари онколози од Клиниката.
Доктор Васев додаде дека не може да биде вештак некој како Милан Ристески, кој тој претходно го сменил од директорската фотелја.
Судијката Снежана Марковска го предупреди другиот адвокат на Васев, Мартин Митревски да го почитува редот во Судот и ако сака да каже нешто да крене рака, во спротивно ќе се преземат мерки.
Обвинетата пак Симонида Црвенкова се изјасни за невина за кривичното дело, кое и се става на товар. Таа истакна дека цел живот била посветена на работата, за што најголема жртва трпело нејзиното семејство.
Исто така, обвинетиот Драган Јакимовски се произнесе за невин за кривичното дело, кое му се става на товар.
„Воопшто не се чувствувам виновен. Од самиот почеток најодговорно тврдам дека најпрофесионално и најодговорно ги извршувам своите работни задачи”. Јас не сум наштетил на други луѓе. Само јас работам во семејството и немам потреба да им наштетат на пациентите. Мене не ме плаши правдата, мене ме плаши неправдата која некој сака да ми ја нанесе”, истакна доктор Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поранешен директор на Онкологија не се чувствува…
Обвинетиот Никола Васев на денешното судско рочиште…
„Фокус“: Продолжува хаосот на скопска Онкологија, се…
Никако да се среди гужвата на Онкологија,…
Онколошките пациенти од август таблетарната терапија ќе…
Онколошките пациенти од сите градови во државата…
Обвинителство: Вештачењето покажа несоодветно лекување на пациентите…
Пациенти биле несоодветно лекувани на скопската Клиника…
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…