Објавено на:

Поранешен директор на ЦИА: Пригожин да биде многу внимателен околу отворените прозорци

t

Поранешниот директор на ЦИА го предупреди лидерот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин да биде „многу внимателен околу отворените прозорци“.

Пензионираниот генерал Дејвид Петреус очигледно алудирал на голем број истакнати Руси кои загинале под неразјаснети околности, вклучително и паѓање од прозорци, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Како дел од договорот Евгениј Пригожин да го запре маршот на неговите платеници кон Москва, тој се согласил да замине во егзил во соседна Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко е силен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

„Пригожин си го спаси животот, но ја загуби својата платеничка група“, изјави генералот Петреус за Си-Ен-Ен.

„И тој треба да биде многу внимателен околу отворени прозорци во неговото ново опкружување во Белорусија, каде што се наоѓа“, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦИА и Мосад на разговори во Катар

Шефовите на ЦИА и Мосад се сретнаа…

Египет го отфрли предлогот на ЦИА за…

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, наводно,…

Директорот на ЦИА ќе го посети Израел!

Директорот на ЦИА, Вилијам Џеј Барнс треба…

Вашингтон пост: ЦИА беше однапред информирана за…

Беспилотните летала со кои Украина удри на…

Вашингтон Пост: СБУ го организираше убиството на…

Вашингтон Пост цитирајќи изјави напишаа дека за…