Поранешен кошаркар на Карпош Соколи ненадејно почина на 38 годишна возраст
Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи и српски репрезентативец, почина ненадејно на 38-годишна возраст од срцев удар.
Тој беше еден од најталентираните српски и европски кошаркари на својата генерација, а играјќи во ФМП, се здоби со статус на сениорски претставник на Србија на Европското првенство во 2007 година.
Сепак, Драган Лабовиќ (роден во 1987 година) не го достигна нивото предвидено од експертите. Откако ја заврши кариерата на 32-годишна возраст, тој, како што рече, „го допре дното“ и заврши во ментална болница.
Лабовиќ остави голема трага во македонската кошарка. Како член на Карпош Соколи го водеше тимот до финалната серија со МЗТ Скопје и му го донесе трофејот во Купот на Македонија.Некогаш беше голема надеж на српската кошарка, но зад него стојат голем број скандали и полемики. Лабовиќ на крајот на 2021 година претепа таксист во Белград, а потоа му го украде автомобилот, замина во градинката каде работи мајка му и таму направил проблеми.Веднаш беше приведен и беше поднесена кривична пријава, а потоа заврши во психијатриска болница. Драган Лабовиќ се појави на подкастот „Јој Миле“ години подоцна, пред само неколку месеци и навистина повеќе не личеше на себе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…
Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани
Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…
Трамп: Иран требаше порано да преговара
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…
Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…