Поранешен министер за култура: Дали ќе се укинат делата на Достоевски во Македонија?

t

Случувањата во Украина по инвазијата од Русија го вознемирија целиот свет, кој се обидува да даде удар кон Русија преку воведување на санкции кон оваа земја, со цел економска нестабилност и прекување на војната.

Сепак, некои земји се обидуваат да воведат еден друг начин на санкции против Русија, каде е замешана културата и литературата. Така пред шест дена универзитет од Милано реши да ги суспендира предавањата за великанот на руската книжевност, Фјодор Достоевски, со образложение „да се избегне полемика во овој тежок момент на напнатост“.

Во Македонија на 4 март беше откажан концертот на руски романси во НОБ, со образложение поради настанатата состојба во Украина, каде неколку градови се срамнети со земја.

„Последните вести од Украина го загрижуваат целото човештво. За никого ова не е време за романси. И уметноста е порака, затоа никој не смее да дозволи таа да биде извалкана. Убавите романси нека останат за подобри времиња, времиња во кои повторно ќе владее мирот, нема да има жртви и никој нема да се чувствува загрозен или под закана“, соопштија тогаш од Министерството за култура.

Тоа наиде на мноштво критики од јавноста поради моментот дека културата нема допирна точка со состојбите надвор од земјава, па така настаните не треба да бидат „жртва“ на војната во Украина.

Театарскиот режисер и некогашен министер за култура, Слободан Унковски во гостувањето во Слободна ТВ порача дека уметниците треба да се дистанцираат од сите овие случувања.

„Верувам дека може да се направи дистанца помеѓу уметноста и политичката активност на уметниците. Комплексна е уметноста на врвните уметници, особено ако се самостојни. Војната во Украина е толку страшна што сите треба да се дистанцираат. Нормалните луѓе сѐ ќе направат да се дистанцираат од ова што го прави врхушката на Русија, а не мислам дека е желба на рускиот народ“, вели Унковски.

Па се поставува прашањето, дали судбината на Достоевски од универзитетот во Милано, би можела да се преслика и во Македонија. Љубителите на книжевниот збор и писателите во никаков случај не би се согласиле на ваков потег.

ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЛИТЕРАТУРАТА НЕМА ДА БИДЕ КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА

„Самата помисла да се забрани книга е морничава. Замислете, автори од форматот на Солженицин и Бродски, кои, заради своите погледи беа прогонети и својот живот го поминаа во егзил, денеска нивните дела да бидат забранети. Тоа е апсурден и нецивилизиран чин. Но, да се надеваме дека творештвото ќе биде поштедено од цивилизираниот свет“, ни изјави првиот човек на издавачката куќа Матица и писател, Раде Силјан.

Иако делата на руските книжевници се стари по стотици години, тие во секое време се актуелни за читање и преработки во училиштата низ Македонија.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски до СДСМ: Попаметно е пред избори…

НЕ Е ПАМЕТНО СДСМ ПРЕД ИЗБОРИ ДА…

Покана за промоција на Монографијата посветена на…

Неодамна излезе од печат Монографијата посветена на…

Министерство за култура: Скандалозно е како досегашната…

Министерството за култура тврди дека директорката на…

Актерот Симонов добитник на престижната награда „Ристо…

Жири-комисијата на 31. Меѓународниот фестивал на камерен…

Драган Мијалковски синоќа го отвори „Карпошово културно…

Легендарниот Драган Мијалковски, со своите безвременски хитови,…