Поранешен светски шампион во атлетика ја загуби битката со леукемијата
Поранешниот светски шампион во скок со стап, Тим Лобингем, почина на 51-годишна возраст. Германецот во последните пет години боледуваше од леукемија, а по првите третмани, во 2018 година успеа да ја добие првата битка. Тогаш објави дека ја победи болеста, но две години подоцна, Лобингер објави дека леукемијата се врати.
Минатата година Лобингер во изјава за „Билд“ зборуваше за болеста и откри дека лекарите му порачале да се прости од најблиските бидејќи не може да ја добие битката.
„За мене повеќе нема спас, болеста премногу напредуваше. Докторите во февруари ми рекоа дека смртта се ближи. Ми рекоа да се простам од семејството и пријателите. Разговорот со децата беше многу тежок, но знаат колку е тешка ситуацијата“, изјави тогаш Лобингер.
Лобингер во 2003 година триумфира на Светското првенство во сала што се одржа во Бирмингам, а во 1998 година стана и Европски шампион.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…