Поранешен шпион: Путин можеби е послаб отколку што мислевме
Откако шефот на одредот Вагнер, Евгениј Пригожин, го предводеше вооружениот бунт против воените команданти на рускиот претседател Владимир Путин тој беше протеран во Белорусија, но сега се чини дека Пригожин веќе се вратил во Русија.
Поранешните шпиони го опишуваат развојот на настаните како шокантен и збунувачки, а за Инсајдер велат дека тоа може да значи дека рускиот лидер е многу послаб отколку што изгледа.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко оваа недела изјави дека Пригожин се вратил во родниот Санкт Петербург и дека можеби веќе отпатувал за Москва во четвртокот наутро.
Локалниот медиум Фонтанка, исто така, објави дека Пригожин бил виден пред зградата на ФСБ во Санкт Петербург во четвртокот и дека му било вратено дел од неговото оружје.
„Она што веднаш ми паѓа на ум е дека ова е знак за слабост на Путин“ во услови на руски загуби во војната во Украина, рече Глен Карле, поранешен шпион на ЦИА кој работел во Русија.
Ова е знак дека „постојат неколку струи кои Путин мора да ги смири“ и дека Пригожин „има поддржувачи во структурата на моќта кои Путин не смее да ги разбесни“.
Џон Меклафлин, поранешен вршител на должноста директор на ЦИА, се согласува со тоа толкување.
„Иако постои закон кој предвидува 15-годишна затворска казна за зборување против војната“, ако Пригожин остане на слобода, „тоа би значело дека на вистински бунтовник ќе му биде дозволено да остане на слобода“, вели Меклафлин.
Путин долго време беше обвинет дека наредил затворање и атентат на поединци кои ги смета за нелојални или закана. Се верува дека неговата влада стои зад обидот за труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипал и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални. И двајцата беа мета на Кремљ.
Пригожин е, барем засега, аномалија. Му беше дозволено да се врати во Русија откако го предводеше вооружениот бунт против клучните руски воени функционери.
Лукашенко, еден од најблиските сојузници на Путин, посредуваше да стави крај на вооружениот бунт на Пригожин против владата на Путин. Пригожин првично ја поддржувал руската инвазија на Украина, но подоцна почнал да го напаѓа руското воено раководство и да ги обвинува за саботажа на руската војна во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…
Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…
Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…
Путин: Русија ќе спречи какво било странско…
Русија ќе спречи какво било странско мешање…
Макрон е подготвен да го обнови дијалогот…
Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и…
Путин: Најверојатно Американците го разнесоа гасоводот „Северен…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…