Објавено на:

Поранешната девојка на Хантер Бајден: „Се дрогираше на секои 20 минути“

t

Хантер Бајден, син на американскиот претседател, одговара на обвинувањата дека лажел дека не е зависник од дрога кога го пополнувал формуларот за купување оружје од 2018 година.

Поранешната девојка на Хантер Бајден пред поротата изјави дека тој злоупотребувал крек кокаин „на секои 20 минути“ кога тие првпат се сретнале.

На синот на американскиот претседател му се суди во Вилмингтон, Делавер, под обвинение дека поседувал огнено оружје додека наводно користел наркотици.

Зои Кестан, која го запознала Бајден (54) додека „танцувала во џентлменски клуб“ во Њујорк, пред судот изјавила дека често вадел готовина за зделки со дрога.

Ова е прво кривично судење на синот на актуелниот американски претседател Џозеф Бајден.

Тој е обвинет дека свесно ги лажел федералните истражители на 12 октомври 2018 година, кога рекол дека не бил зависник од дрога за да купи револвер и муниција во продавница за оружје во Вилмингтон, како и дека нелегално поседувал пиштол 11 дена.

Доколку биде прогласен за виновен по сите три точки од обвинението во овој случај, Хантер Бајден може да се соочи со затворска казна до 25 години.

Тој се изјасни за невин, а неговиот адвокатски тим вели дека бил во опоравување во моментот кога го купил пиштолот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Американскиот Конгрес изгласа почеток на процедурата за…

Домот предводен од републиканците усвои републиканска резолуција…

Бајден повторно фатен како чита одговори на…

Американскиот претседател Џозеф Бајден, за време на…

Најнова вест: Спикерот Мајк Џонсон изјави дека…

Спикерот Мајк Џонсон изјави дека Домот денеска…

Бајден вети 200 милиони долари за Украина…

Американскиот лидер го повика Конгресот да донесе…