Поранешната директорка на ДЗСИ за Онкологија: Имаше поплаки од пациенти за лекарите

t

Поранешната директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Ирина Сотирова Бухова денеска сведочеше на седница на собраниската Анкетна комисија која го истражува работењето на Клиниката за онкологија.

Прашана од страна на претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи дали имало вонреден инспекциски надзор во Клиниката за онкологија за време на нејзиното директорување, Сотирова Бухова одговори дека во текој на нејзиниот мандат стасани се четири претставки од пациенти, кои влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Таа раководеше со ДСЗИ од август 2017 година до септември 2021 година.

-Кога Инспекторот оди во надзор, најпрвин врши контрола на хигиена, каде спаѓаат повеќе параметри, како што се дезинфекција, дезинсекција, динамика на чистење и одржување на хигиена, однос кон панциентите, поплака и издавање на соодветни решенија. Во текот на мојот мандат стасани се четири претставки од пациенти и тие влегуваат во вонредни инспекциски надзори. Извршени се четири вонредни инспекциски надзори и на сите подносители за барање на надзор им е одговорено, рече Сотирова Бухова.

Директорката објасни дека сите потребни документи ги има во Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Сотирова Бухова потврди дека во текот на нејзиното директорување, Министерството за здравство нема побарано вонреден надзор за Клиниката за онкологија.

-Секој надзор, редовен или вонреден, завршува со записник. Записникот го потпишува инспекторот кој го врши надзорот и одговорното лице, кое задолжително е присутно на тој надзор. Сите записници се потпишани од двете страни. Во ДСЗИ постои секој документ архивиран за кој било редовен или вонреден надзор.

Јас можам да ви доставам тоа што го имам од вонредните инспекциски надзори кои сум ги добила на мое барање, но имајќи во предвид дека поканата за присуство на оваа седница ја добив пред помалку од 40 часа, мора да сфатите дека не можев да обезбедам ниту тоа што мислев дека мене ми е потребно, за да бидам исрцпна и да ги задоволам одговорите на вашите прашања, посочи Сотирова Бухова.

-Во главно, трите барања за надзор се за незадоволство од однесувањето на одредени доктори, а едниот заврши со непронаоѓање на пациент кој наводно го поднел барањето за вонреден инспекциски надзор. Јас немам информација дека Државниот завод за ревизија има забелешки во однос на надзорите и дека ДСЗИ дал решенија, кои потоа ги нотира Државниот завод за ревизија, додаде Сотирова Бухова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…

После 20 годии шепотење и непреземање ништо…

Нино Васев ја бранeше набавката на лекови…

Поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и…

На распит пред Анкетната комисија актуелни и…

На собраниската Анкетна комисија за скандалот во…

Јовески: Можно е вештачењето за Онкологија да…

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вечерва соопшти…