Поранешната евроамбасадорка Влахутин ја поздрави одлуката на Рама за забрана на Тик Ток
Поранешната амбасадорка на Европската унија во Албанија, Романа Влахутин, ја поздрави одлуката на албанската Влада да го забрани Тик Ток на една година, оценувајќи дека „Албанија покажала дека не се плаши да преземе такви акции“.
„Да! Пред неколку дена претседателот на Советот на Европа, Антонио Кошта, на сите лидери на ЕУ им ја подари книгата „Слобода“ од писателката Леа Ипи. Сега Албанија го покажува патот и на Тик Ток. Албанија има резултати над очекувањата. Зошто? Затоа што не се плаши. Не е толку тешко Европо“, пишува Влахутин на социјалните мрежи.
Во врска со тоа прашање реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија и поранешен албански премиер, Сали Бериша, кој одлуката на владата ја нарекува „екстремен чин на цензура“.
„Рама одлучи да ја забрани платформата Тик Ток само затоа што неговиот рејтинг на социјалните мрежи падна, како што покажуваат сите анкети. Тоа го прави поради изборите, што го потврдува со најавата дека забрана ќе биде една година, пишува Бериша во својата порака споделена на социјалните мрежи.
Според одлуката што ја објави вчера премиерот Еди Рама, од 2025 година платформата Тик Ток нема да биде достапна на територијата на Албанија, на која било возраст, како дел од планот за зголемување на безбедноста во училиштата, што доаѓа по убиството со нож на 14-годишен ученик во Тирана од негов соученик.
Во меѓувреме кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е Платформата Тик Ток најави дека ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со одлуката и оти и „сторителот и жртвата немале сметки на оваа платформата“ и дека „бројните извештаи потврдиле дека видеата кои довеле до оваа трагедија биле објавени на друга платформа“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова не е Израел, ниту Иран, ова…
Општинската организација на СДСМ во Конче реагира…
ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…
Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…
Тројца лишени од слобода за разбојништво во…
На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…