Објавено на:

Поранешниот албански претседател ќе го руши Еди Рама

t

Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша ги повика граѓаните и демократите да се кренат на протести против владата.

Зборувајќи на состанокот на партиското претседателство, Бериша рече дека „опозицијата сега е на најважната мисија во својата историја од нејзиното основање“ и додаде „наша должност е да се соочиме. Немаме друг избор“.

Понатаму, Сали Бериша истакна дека должност на опозицијата е да го убеди секој член и симпатизер да излезе на протести.

Во Албанија е кристално јасно дека опозицијата е на најважната мисија во нејзината историја од нејзиното основање, мисија со која мора да ја урне оваа мафијашка власт на чело со Еди Рама, која нема друг национален интерес, освен да се збогати себеси и неговиот клан. Еди Рама е решен да го жртвува секој закон, секој однос за да ја консолидира својата моќ, обвинил Бериша, пренесува весникот „Која јон“.

Според него „овие криминалци треба да ја напуштат власта час порано, зашто тие го претворија богатството на земјата во лично богатство, на криминалот, на членовите на нивните семејства“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…

Рама го пофали Курти за прифаќањето на…

Албанскиот премиер Еди Рама се огласи на…

Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…

Спортските објекти се издаваат на користење на…

Рама: Разочаран сум од ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, се чини не…

Премиерите на Црна Гора и Албанија едногласни:…

Премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан…