Поранешниот амбасадор Халили: Отварањето на бугарскиот клуб е голема провокација – Треба да донесеме закон за забранети имиња како на Ванчо Михајлов

t

„Ние немаме закон за забранети имиња, а треба да го имаме. Секоја држава има таков закон“, рече поранешниот амбасадор Мухамед Халили во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, зборувајќи за отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола.

– Важен е ликот на Ванчо Михајлов, но ние немаме закон за забранети имиња. Секоја држава има таков закон, а ние немаме. Самото отворање на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ беше една голема провокација – изјави Халили.

Тој додава дека среќа е што нашите институции не потпаднале под тие провокации.

– Да беше поинаква реакцијата, ќе беше алиби на Бугарите дека Македонија не се интересира за малцинските права на Бугарите и не им дава на нив простор да се докажат. Бугарија проблемот го започна со еден друг метод, а тоа е да го негира постоењето на македонскиот јазик и нација, рече Халили.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ