Поранешниот британски премиер: Идните генерации ќе одлучуваат за враќање на Велика Британија во ЕУ
Евентуално враќање на Британија во Европската унија, која ја напушти по референдумот за Брегзит во 2016 година, не може да се случи многу години, изјави поранешниот британски премиер Тони Блер.
Ова прашање „припаѓа на идната генерација. Мислам дека ова е реалноста“, нагласи Блер за европските новински агенции во интервју од канцеларијата на неговиот Институт за глобални промени во центарот на Лондон, пренесе БТА.
„Мислам дека дебатата во Британија во моментов е повеќе за тоа колку сакаме да ги вратиме нашите силни односи со Европа, што мислам дека треба да го направиме, а се надевам дека и лабуристите мислат така“, додаде Блер. „Мислам дека можеме многу заедно”.
Според него, Британија и ЕУ треба заедно да решат многу прашања, како што се енергијата и климата, научното истражување или одбраната и безбедноста по руската инвазија на Украина.
„Непосредна задача е да се решат проблемите од Брегзит, бидејќи штетата е очигледна“, рече Тони Блер, мислејќи на фрустрацијата на британскиот народ од економските тешкотии, илегалната имиграција и проблемите на јавниот здравствен систем, кои поддржувачите на Брегзит ветија дека ќе ги решат благодарение за напуштање на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…
Брачниот пар е обвинет за расистички напад…
ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!
Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…
Британија размислува за испраќање војници во Украина?
Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…
Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…
Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…
Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…
Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…